Volkswagen потврди дека електричен I.D. Buzz доаѓа во 2022! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen потврди дека електричен I.D. Buzz доаѓа во 2022!

Германскиот производител го искористи Pebble Beach Concours d’Elegance за да потврди дека I.D. Buzz електричниот миниван ќе оди во сериско производство и ќе пристигне кај дилерите во 2022!


Дополнително, од Volkswagen потврдуваат дека модулот со батерии ќе биде вграден во подот, но сега за сега – не објавуваат повеќе детали. I.D. Buzz ќе биде вториот електричен автомобил во I.D. гамата на електрични возила на Volkswagen – првиот ќе биде хечбек, и веќе се шпекулира дека можеби ќе ја видиме сериската изведба (или нешто навистина блиску до неа) на саемот во Франкфурт.

Според претседателот на Volkswagen – Dr. Herbert Diess – “по претставувањето на глобалните шоуа во Детроит и Женева, добивме голем број на пораки од нашите купувачи кои побараа да го направиме овој автомобил. Microbus веќе долго време е дел од Калифорнискиот лајф-стајл, па сега ќе го вратиме назад но како електрично возило.“

Со оглед на тоа дека Volkswagen најави сериозна офанзива на електрични возила, оваа одлука воопшто не е изненадувачка – а одличен потег е едно од првите возила да биде токму нова верзија на толку легендарно и добро-прифатено возило како што е оригиналното VW комбе.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.