Skoda Karoq добива дигитални инструменти – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda Karoq добива дигитални инструменти

Наследникот на Yeti – новиот Skoda Karoq – е првиот модел на чешкиот бренд кој ќе добие целосно-дигитален панел со инструменти!


Karoq е првиот модел на Skoda кој добива дигитален дисплеј поставен пред возачот. Наследникот на мега-популарниот Skoda Yeti ќе има на располагање четири различни модуси на приказ на информациите – и тоа Classic, Digital, Info Profile и Reduced.

Classic модусот е токму тоа што кажува – класичен. Ги прикажува брзинометарот и бројачот на вртежи на левата и десната страна на дисплејот, а во средината може да бидат прикажани детали од инфозабавниот систем или пак од навигацијата.

Digital модусот функционира поинаку, и му оддава највеќе простор на системот за навигација, додека Info Profile ослободува главен, голем дисплеј на средината на екранот со дополнителни информации од страинте. Reduced модусот прикажува два големи дисплеи, со дополнителни, основни информации прикажани на горниот или долниот дел од екранот.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.