Monster објавија високо-октанско дрифт видео со Lamborghini Murcielago и Nissan GT-R, кое наликува како да е режирано од Гај Ричи.
Пред седум месеци Monster Energy го создадоа првото BattleDrift видео, во кое главни ѕвезди беа Вон Гитин Џуниор со неговиот Mustang RTR и Даиго Саито позади воланот на Lamborghini Murcielago. Во ова второ видео, Даиго Саито е повторно тука со неговиот „врескачки V12 ѕвер”, додека на местото на Вон се најде Стив ‘Baggsy’ Биаџони со неговиот Nissan GT-R со 1400 кс.
Продукцијата е исто така интересна и необична за ваков тип на видеа. Воведот и кадрите неодоливо потсеќаат на популарните Британски криминални комедии режирани од Гај Ричи и му даваат посебен шмек на видеото
Погледнете ја оваа адреналинска акција и уживајте!