Тјунерите од Novitec му посветија многу внимание на Lamborghini Aventador SV – а резултатот е екстремен суперавтомобил со компресорски 970 коњски сили!
Тјунингот на егзотичните автомобили станува сè попопуларен, а новиот Novitec Torado базиран на Lamborghini Aventador SV е можеби еден од најдобрите примери на тјунинг на вистинска италијанска егзотика.
Тјунерите од Novitec започнале со додавање на компресор на 6.5-литарскиот V12, за сега да испорачува вкупно 970 коњски сили. Понатаму, додадени се цел грст аеродинамични подобрувања на каросеријата, вклучувајќи нов заден спојлер и целосно редизајирани странични прагови. Секако, тука се и новите тркала – овој пат од Vossen – кои ја комплетираат сликата за монструозниот Разјарен Бик.