Range Rover го претстави Evoque Special Edition на саемот во Пекинг.
Направен според вкусот на Victoria Beckham, моделот се истакнува со мат сив екстериер со сјајни црни ефекти и уникатни 20-инчни алуминиумски бандажи.
Кабината е луксузно уредена со полу-анилинска кожа, алуминиумски и piano black детали. Заедно со моделот доаѓаат и четири кожни куфери за багаж и прирачник за сопственикот потпишан од Beckham.
Силата се добива од турбополнет 2.0-литарски бензински мотор кој развива 240 коњски сили и 340 Nm вртежен момент. Тој е поврзан со шест-степен автоматски менувач и погон на сите тркала.
Производството ќе биде ограничено на 200 единици.