ВИДЕО: Skoda официјално го најавува наследникот на Yeti – запознајте го KAROQ! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВИДЕО: Skoda официјално го најавува наследникот на Yeti – запознајте го KAROQ!

Skoda ќе се обиде да го повтори успехот на популарниот Yeti – со новиот SUV кој ќе го носи името KAROQ!

Чешкиот производител официјално потврди дека Karoq ќе го наследи Yeti во гамата на брендот, и во хиерархијата на Skoda ќе биде поставен под големиот Kodiaq (кој ние неодамна го возевме). Новиот SUV ќе пристигне на пазарот на крајот на оваа година, а се очекува да биде официјално претставен на саемот на автомобили во Франкфурт.

Името на новиот SUV на Skoda не случајно ќе биде KAROQ – стратегијата на чешкиот производител е на своите SUV модели да им даде име кое започнува со K а завршува со Q. Според Christian Strube, одговорниот за технички развој во Skoda, зголеменото семејство на SUV модели бара и ново име – а ова е нов автомобил, па заслужува и ново име.

Новиот KAROQ ќе влече инспирација од големиот Kodiaq, но истовремено ќе биде и независен модел. Ќе биде поставен на MQB платформата на Volkswagen групацијата и ќе може да се добие со еден од грст турбо-бензински и турбодизел мотори, мануелен или автоматски менувач и погон само на предните или на сите четири тркала. Веќе е скоро потврдено дебито и на хибридниот KAROQ, кој би требало да се појави на пазарот во исто (или приближно исто) време со хибридниот Kodiaq, кој се очекува во 2019.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.