Peugeot ја претстави својата замисла за тоа како треба да изгледа Crossover од Б-сегментот
Peugeot на саемот во Пекинг го претстави својот најнов концепт, се работи за Urban Crossover Concept! Дизајнот е исклучително атрактивен, динамичен и спортски но воедно и елегантен. Urban Crossover Concept е дизајниран од интернационалниот дизајнерски тим на Peugeot, па одтаму и ваквиот пристап во дизајнот.
Urban Crossover Concept е долг 4140 мм, широк 1740 мм, со што е подолг од 208 (18 cm) но пократок од 3008 (22,5 cm). Peugeot не ги објави оние најинтересни информации за овој концепт!