Електричниот Vision E ја најавува иднината на Škoda! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Vision E ја најавува иднината на Škoda!

Спортскиот кросовер на наречен Vision E доаѓа со електричен погон и автономни технологии и ја најавува иднината на Škoda!

Vision E ја доживеа својата премиера за време на саемот на автомобили во Шангај, и благодарение на многуте технологии кои ги носи со себе е своевиден патоказ за насоката во која ќе се движи чешкиот бренд.

На предниот дел доминираат Matrix LED светлосните групи, а целиот автомобил го дефинираат остри карактерни линии, мускулести форми и остри површини. Секако, огромна улога играат и соодветно огромните тркала како и „sucide“ вратите кои се отвораат наназад. Концептот е долг 4688 милиметри, широк 1924 милиметри и висок 1591 милиметар, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2851 милиметар.

Отворете ја вратата и ќе ве пречека минималистички и футуристички ентериер – три дисплеи доминираат на контролната табла, управувачот е со два краци а во кабината има простор за вкупно четворица. Камери ги заменуваат страничните ретровизори, систем за препознавање гестикулации ги интерпретира вашите движења и соодветно раководи со системите, а Eye Tracking систем ги следи очите на возачот за да препознае умор и уште неколку параметри. Level 3 систем за автономност му овозможува на автомобилот самиот да забрзува, управува и кочи кога е потребно.

„Под кожата“ се наоѓа MEB архитектурата на Volkswagen групацијата наменета за електрични возила. Концептот го задвижуваат два електромотори кои нудат системска моќност од 306 коњски сили и овозможуваат максимална брзина од 180 километри на час. Системот му овозможува на коцептот да помине 500 километри помеѓу полнења. Батеријата користи индукциска технологија за полнење, а брзото полнење дозволува да се наполни 80% од капацитетот за само 30 минути.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Škoda Kodiaq RS е огромен спортски семеен SUV со 265 коњски сили!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.