Претставена новата Серија 3 на BMW! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставена новата Серија 3 на BMW!

BMW денес ја претстави најновата, шеста генерација од својот најпопуларен модел – Серијата 3!

Моделот кој е пораснат во сите насоки, носи и еден друг новитет – за прв пат ќе се вградува дволитарскиот четирицилиндарски турбо бензински агрегат кој досега се вградуваше во z4. Со ознака 328i, моделот ќе има 240 коњски сили и 350 њутнметри вртежен момент. Новиот модел иако е поголем, е 40-тина килограми полесен од претходниот. Иако сеуште нема детали околу потрошувачката, BMW 3 со овој мотор ќе забрзува до 100 километри на час за 5.7 секунди, и ќе има електронски ограничена максимална брзина на ~215 километри на час (130 миљи на час).

Наскоро ја очекуваме и неговата премиера во Македонија!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.