Италијанскиот Lamborghini ќе го претстави својот SUV во Пекинг! Премиерата е најавена за само неколку дена!
Иако ова не е прв пат Lamborghini да направи SUV – да се потсетиме дека го направија легендарниот LM002 (кој е познат и под името Ramb0-Lambo) и е модел од кој своевремено Моамар Гадафи нарача 250 специјално подготвени примероци за својата армија – сепак ова е голем чекор за Италијанскиот производител.
Сега за сега не можеме да шпекулираме што точно ќе понуди новиот SUV на Lamborghini, но сигурни сме дека како погонски агрегат ќе се користи некој прилично замашен бензински агрегат. Останува само да почекаме!