Како што и очекувавме, знаменосецот на Volvo постигна одлични резултати на EuroNCAP тестовите за безбедност.
Големиот луксузен седан на Volvo, и неговата караванска изведба – V90 – постигнаа одлични резултати на EuroNCAP и ги освоија максималните пет ѕвездички. Дополнително, седанот и караванот на Volvo се првите автомобили кои освоија максимални 6 поени за AEB (автономно итно кочење) за пешаци.
Успехот на S90 и V90 се должи на долгогодишната традиција на Volvo да прави исклучително безбедни автомобили, како и новиот Advanced City Safety систем кој е стандарден кај сите модели на Volvo. Системот самиот ги идентификува потенцијалните ризици на патот – како што се пешаци, велосипедисти и други возила, и соодветно реагира кога ќе пресмета дека е потребно. Технологијата работи како дење, така и ноќе и може самата да избегне фатална несреќа. EuroNCAP тестираше три сценарија со овој систем – пешаци кои „истрчуваат“ кон автомобилот прво од едната, потоа од другата страна, како и дете кое истрчува од меѓу две паркирани возила на патот.
„Безбедноста секогаш била наш клучен приориет. Успехот на S90 и V90 на ова поле ја потцртува нашата посветеност кон испорачување безбедно, пријатно и самоуверено искуство со секој автмообил.“ – изјави директорот на Volvo Car Safety центарот, Malin Ekholm.
Ние веќе имавме можност подобро да го запознаеме големиот Volvo S90. Прочитајте го нашиот тест на шведскиот луксузен седан.