Toyota најави Yaris со 210 коњски сили за во Женева – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota најави Yaris со 210 коњски сили за во Женева

Јапонскиот бренд веќе некое време најавуваше дека ќе лансира спортска изведба од малиот Yaris, и конечно тоа ќе се случи на овогодинешниот саем во Женева.

Прикажан на фотографиите, спортскиот Yaris доаѓа само со една официјална информација за сега – ќе располага со 210 коњски сили, кои ќе му бидат главно оружје во борбата со конкурентите како Renault Clio RS, Fiesta ST и Volkswagen Polo GTI.

За разлика од пет-вратните модели, „жешкиот“ Yaris ќе доаѓа само во верзија со три врати и нормално, ќе добие подобрувања на перформансите и визуелни надградби. Покрај поголемата сила, градскиот спортист ќе добие аеродинамички додатоци и декоративна графика која потсетува на тркачката шара на WRC моделот.

Повеќе информации очекуваме на неговото јавно дебитирање на автомобилскиот саем во Женева, закажан за неколку месеци од сега.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.