Mercedes Concept Style Coupe – Најава за Mercedes CLA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes Concept Style Coupe – Најава за Mercedes CLA

Новиот Concept Style Coupe е предвесник на Mercedes CLA кој треба наскоро да се појави на пазарот. Судејќи по концептот, едвај чекаме да го видиме серискиот модел!

Според познавачите, трансформацијата од CSC во CLA ќе биде со многу малку промени, и она што денес го гледаме како концепт е многу блиску до серискиот модел. Концептот е долг 4637 милиметри, широк 1891 милиметар, висок 1398 милиметри, а меѓуоскиното растојание изнесува 2699 милиметри.

Под поклопецот на моторот се наоѓа дволитарски турбо-бензинец кој испорачува 208 коњски сили, а тие 208 коњски сили ги придвижуваат (навистина) големите тркала со дијаметар од 21 инч.

Серискиот модел се очекува да се нуди со голема лепеза на мотори, и скоро сигурно ќе ги видиме сите бензински и дизел мотори кои добро ги познаваме. Моторите кои најверојатно ќе се нудат се бензинските CLA180, CLA200 и CLA250, како и дизелите CLA180 CDI, CLA200 CDI и CLA220 CDI. Бензинците нудат 120, 154 и 208 коњски сили, додека дизелите нудат 108, 134 и 168 коњски сили.

Понатаму, ќе можеме да очекуваме и AMG верзија со импресивни 340 коњски сили, но и погон на сите четири тркала! Со нетрпение очекуваме да го видиме серискиот модел, кој барем според концептот, најавува навистина многу! Цените за CLA секако сеуште не ги знаеме, но се очекува во Германија да започнуваат од околу 28.000 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.