Пристигна освежената Ford Kuga! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна освежената Ford Kuga!

Ford неодамна ја претстави фејслифтираната Kuga – а освежениот теренец на Синиот Овал веќе пристигна и во Македонија!

Освежената Kuga доаѓа со измени како на екстериерот, така и во ентериерот. На екстериерот се забележува скоро целосно изменетиот преден дел кој сега има повеќе хромирани детали и изгледа посериозно и повозрасно. Задниот дел има нови светла со изменета графика, а се нудат и нови бои и нови дизајни на алуминиумски тркала.

ford-kuga-facelift-skopje-interior

Ентериерот добива нови материјали и освежени детали – на пример, Kuga добива електрична рачна кочница, нов Sync мултимедијален уред и попривлечни седишта. Цените за Kuga започнуваат од 23.300 евра за Kuga со 1.5-литарски EcoBoost со 12о коњски сили и Trend ниво на опрема. Основниот дизел е 1.5-литарскиот TDCi со 120 коњски сили, кој чини 26.300 евра.

Наскоро ќе имаме можност подобро да ја запознаеме освежената Kuga, па ќе ви ги пренесеме нашите впечатоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.