Неделно Кино: Lamborghini Huracan – Возен од инстинкт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Неделно Кино: Lamborghini Huracan – Возен од инстинкт!

Италијанскиот спортски бренд прикажа рекламен спот во кој на интересен начин ги презентира сите четири изведби од моделот Huracan во едно видео.

Откако ги претстави купе и кабриолет изведбите со погон на две и четири тркала, Lamborghini во гамата на Huracan вклучува четири различни изведби погонувани од V10 агрегат. Моделот доаѓа со 610 кс во купе варијантата и 580 кс во верзијата со погон на задните тркала. Сепак, поради помалата тежина кај втората, тие се одликуваат со речиси идентични перформанси, но различен карактер со цел да го погодат вкусот на поголема целна група на купувачи.

Погледнете го видеото и уживајте во мелодијата на разјарениот бик!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.