Утринска Гимнастика: NextEV Nio EP9 постави нов рекорд за електрични возила на Nurburgring! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: NextEV Nio EP9 постави нов рекорд за електрични возила на Nurburgring!

Електричниот супер-автомобил на NextEV тукушто постави нов рекорд на Зелениот Пекол – му требаа само неколку секунди повеќе од 7 минути да ги помине 20-те километри на Nurburgring!

Nio EP9 има четири електромотори и четири засебни менувачи, кои му нудат вкупна системска моќност од 1360 коњски сили. Она што е импресивно е вртежниот момент – 777 V електричниот погон нуди 1480 Nm измерено кај секој мотор, односно вкупно 6334 Nm вртежен момент на сите четири тркала, достапни од 0 па сè до 7500 вртежи во минута.

nextev-nio-nurburgring3

Благодарение на сето ова, NextEV Nio EP9 забрзува до 100 километри на час за само 2.7 секунди и постигнува максимални 313 километри на час.

nextev-nio-nurburgring2

И сега, како го постави Nio EP9 рекордот од 7 минути и 5 секунди на Nurburgring? Тивко. Екстремно тивко. :)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.