Volkswagen го освежи Golf – затегнат е дизајнот, воведени се нови технологии и нови мотори! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го освежи Golf – затегнат е дизајнот, воведени се нови технологии и нови мотори!

Volkswagen го освежи својот најважен модел – седмата генерација на Golf тукушто го доби својот фејслифт, а со него добива затегнат дизајн, нови мотори и грст нови технологии од повисоките (и поскапи) класи!

Седмата генерација на Volkswagen Golf добива неколку значителни новитети. Меѓу поважните функционалности, вреди да се спомене Traffic Jam Assist системот кој за прв пат во оваа класа воведува полу-автономно возење. При брзини до 60 километри на час, системот може да забрзува, управува и да прикочува, а сè што возачот треба да прави е да ги има поставено рацете на управувачот. Системот ќе го следи текот на сообраќајот и ќе го олесни справувањето со сообраќајниот метеж.

Дополнително, Golf добива систем за препознавање несакани случки и пешаци – од Volkswagen кажуваат дека бројот на помали сообраќајни незгоди е намален за 45% благодарение на ваквите системи, па сакаат дополнително да ги подобрат тие бројки. Новиот Golf доаѓа и со систем за маневрирање при влечење приколка, доколку сте кампер.

Der neue Volkswagen Golf

Сепак – мораме да констатираме дека има измени и во дизајнот – сега сите модели ќе се нудат со LED задни светла, а затегнати се предниот и задниот браник и изменета е графиката на предните светлосни групи. Во понудата ќе се најдат нови бои и нови алуминиумски фелни, со што Golf има нови силни агрументи во борба со поновите конкуренти. Во ентериерот, за прв пат во оваа класа ќе се вградува големиот мултимедијален дисплеј поставен директно пред возачот (кој го познаваме од Audi Q7, A4 итн), а новитет е и големиот 9.2-инчен мултимедијален уред поставен на ценралната конзола кој нуди CarNet, Apple CarPlay и Android Auto поврзување – сето тоа со желба да се подобри конектибилноста на возилото.

Der neue Volkswagen Golf und Golf Variant

Инженерите од Volkswagen се горди и на новите 1.5-литарски TSI мотори. Интересен новитет е можноста за деактивирање на моторот при возење во лер – технологија која инженерите на VW тврдат дека ја намалува потрошувачката на гориво за дури еден литар во споредба со конкурентските мотори. Помоќниот 1.5-литарски TSI ќе се нуди со 150 коњски сили и деактивација на цилиндри, додека „послабата“ BlueMotion изведба ќе се нуди со 130 коњски сили.

Поврзано:  Во салонот на Volkswagen пристигна новиот Taigo

На самиот крај, Volkswagen се пофали и со подобрениот хибриден, но и електричен Golf. Кај E-Golf се пофалија со зголемена автономија за 50%, односно сега електричниот Golf може да помине дури 300 километри со едно полнење. Премирата на E-Golf е закажана за саемот на автомобили во Лос Анџелес.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.