Opel ја открива новата Insignia Grand Sport; најавуваат нови IntelliLux светла со 32 LED сегменти – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel ја открива новата Insignia Grand Sport; најавуваат нови IntelliLux светла со 32 LED сегменти

Новата Insignia Grand Sport е блиску – па Opel продолжува полека-полека да го открива својот нов знаменосец – очекувани се многу новитети, меѓу кои и најновата генерација на IntelliLux светла.

Иако официјалната премиера ќе се случи следната година на Саемот на Автомобили во Женева, Opel полека но сигурно ги открива детали за својот нов знаменосец. Она што денес го објавија е една прикриена фотографија од Insignia Grand Sport каде можеме да видиме како ќе изгледа само дел од предницата, но ги најавија и најновите IntelliLux светла.

Новите IntelliLux светла ја продолжуваат приказната за овие светла кои дебитираа кај новата Astra. Кај Astra, светлата имаат 16 LED сегменти, а кај Insignia таа бројка расте двојно – па IntelliLux светлата кај новата Insignia Grand Sport ќе имаат 32 сегменти, и ветуваат дека „ќе ја претворат ноќта во ден, без да ги заслепуваат другите учесници во сообраќајот.“

Според она што го кажуваат од Opel, светлата можат да бидат „прецизно адаптирани“ и да го осветлуваат асфалтот и до 400 метри со долгите светла. Светлата автоматски ќе исклучуваат сегменти со цел да ја дистрибуираат светлината во секоја ситуација, без притоа да заслепуваат.

„Со Astra дознавме дека купувачите ги ценат придобивките од IntelliLux LED светлата. Сега ќе ја понудиме уште понапредната, втора генерација од оваа иновативна технологија во новата Insignia, која ќе има и други функции со цел да ја подобри ноќната прегледност.“ – изјави човекот одговорен за овие светла – Ingolf Schneider.

Insignia Grand Sport е значаен модел за брендот – големиот седан се покажа како популарен, а General Motors одлучи новиот модел да биде глобален продукт, па ќе се продава и во САД, како и во Австралија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.