Еден од највпечатливите автомобили на овогодишниот SЕМА саем беше дрифтерски прилагодениот Lamgorghini Huracan, а неговите нови сопственици го прикажаа во најдобро светло.
Моделот е конвертиран да вози исклучиво на заден погон и е опремен со хидраулична рачна сопирачка, како и бодикит од Vorsteiner. Овој проект беше создаден за Самјуел и Ева Стина Хубинет – сопружници, каскадери во Холивуд, па затоа и не не изненадуваат нивните возачки вештини, кои решија да ги покажат околу неколку други примероци на Huracan на паркингот од претставништво на Lamborghini.
Уживајте во видеото!