Како и да го гледате, BMW M2 е импресивно парче машинерија за секој возачки ентузијаст, а тјунерската компанија AC Schnitzer најде начин за да го направи уште подобар.
Третманот од Германскиот тјунер го прави овој спортист полесен, поагресивен и уште посилен. Благодарение на неколку модификации AC Schnitzer ја подигнаа стандардната сила од 370 кс на 420 кс. Тука е и нов издувен систем со контролен вентил и четири издувни цевки од кои произлегува подобрениот звук на редниот шест-цилиндарски турбо-бензинец.
Засилениот М2 доаѓа и со специјална AC Schnitzer прилагодлива суспензија, која го приближува автомобилот кон подлогата за 30-40 милиметри.
Визуелно, AC Schnitzer го надгради изгледот на М2 со додавање на карбонски предни крилца, преден сплитер, заден спојлер, дифузер и капаци на ретровизорите. Последниот додаток се новите ковани алуминиумски фелни, кои доаѓаат во неколку дизајни и големини од 19 или 20 инчи.