М Кар – македонскиот импортер за BMW и Mini – го прослави својот прв роденден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

М Кар – македонскиот импортер за BMW и Mini – го прослави својот прв роденден!

Македонскиот импортер за возилата од брендовите BMW и MINI викендов го прослави својот роденден – и ги отвори вратите за сите љубители на брендовите, но и сегашните и идните клиенти!

BMW го слави својот 100-ти роденден, па по тој повод, а и по повод првиот роденден на М Кар, компанијата преку „отворен ден“ ги отвори вратите за сите љубители на брендовите BMW и MINI, но и за оние кои веќе се сопственици на овие возила како и оние кои планираат да бидат во иднина.

Преку целодневна програма, посетителите имаа можност подобро да ја запознаат компанијата М Кар и да направат мала турнеа низ целиот објект, да пробаат спретно да паркираат, да повозат некое од многуте возила кои беа достапни за возење, но и да уживаат во германски колбаси по тест-возењето. Меѓу изложените модели ги истакнуваме привлечниот Mini Cooper S Convertible, но и големиот и хибриден BMW X5 Hybrid.

mkar-rodenden2

„Во рамките на роденденскиот настан М Кар Отворени Врати, присутните гости имаа можност да се запознаат со целосното работење на продажно-сервисниот центар на BMW и MINI во Македонија, да ги тестираат перформансите на новите BMW и MINI модели и да ги доживеат најсовремените технологии и иновации во автомобилскиот свет. На настанот беше претставен новиот BMW X5 iPerformance модел, со кој М Кар за прв пат во Македонија воведува употреба на електрични возила, базирани на прогресивната Plug-in Hybrid технологија, во насока на заштита на животната средина и економска заштеда.

Роденденската програма, достојна за премиум брендовите и креирана да ги задоволи сите очекувања, изобилуваше со многу новитети од светот на BMW и MINI, интерактивни презентации, награди и изненадувања за сите посетители.  По повод стогодишнината на BMW, M Kар промовираше акциски понуди за BMW и MINI возила за нарачки до крајот на годината, а сервисниот центар на М Кар им нуди можност на сите BMW и МINI сопственици, сервисен преглед „360 степени“ за само 100 денари“ – истакна Билјана Жупановска, одговорна за маркетинг и односи со јавност во М Кар.

Поврзано:  ПРВО ВОЗЕЊЕ: BMW Серија 1 M135 (и 120): Нова генерација на ултимативниот хот хеч

Им го честитаме роденденот и им посакуваме многу успех и многу продадени автомобили во иднина! Среќен роденден!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.