Излегоа првите официјални фотографии од концептот Citroën DS9, неколку недели пред 2012 Beijing Auto Show.
Цитроеновата DS линија во иднина ќе биде проширена со неколку нови модели, а меѓу нив е и супер-луксузниот DS9 . DS9 всушност претставува доразвиена верзија на концептот Metropolis прикажан во 2010.
И двата концепти делат ист дизајнерски јазик, иако наместо форма во вид на седан, новиот DS9 носи shooting-break стајлинг како традиција во чест на оргиналниот DS и помодерните CX, XM и C6 модели.
DS9 ќе го придвижуваат 1.6 литарски бензинец и електричен мотор кои произведуваат комбинирана сила од 295 коњски сили и 275 Nm, што му овозможува забрзување од 0 до 100 за 5.4 секунди и максимална брзина од 244 километри на час. Според Citroen, доколку автомобилот се вози само во електричниот мод, тој покажува потрошувачка од неверојатни 1.7 литри на 100 километри.