Jaguar Land Rover претстави нов Ingenium бензински мотор и нов автоматски 8-брзински менувач – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar Land Rover претстави нов Ingenium бензински мотор и нов автоматски 8-брзински менувач

Британскиот луксузен бренд го започна производството на новиот 2-литарски 4-цилиндерски бензински мотор, но објави и детали за целосно нов автоматски менувач кој ќе го нуди во своите модели.

Новите Ingenium бензински мотори ќе им бидат достапни на купувачите од следната година, а иако Jaguar Land Rover не објавува детали за погонските единици, кажуваат дека ќе бидат 15% поекономични во однос на моторите кои ги заменуваат, но ќе нудат и 25% зголемена моќност.

transcend

Дополнително, Jaguar Land Rover разви нов, напреден 8-брзински менувач со двојна спојка кој дополнително ја подобрува економичноста за скоро 10%. Новиот менувач е значителни 20 килограми полесен од тековниот 8-брзински автоматик. Новиот менувач го носи името TRANSCEND, а ќе се вградува во автомобили со лонгитудинално поставени мотори со погон на задните тркала или на сите четири тркала. Според Jaguar, новиот менувач ќе биде особено корисен кај теренските возила.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.