Audi официјално ги претстави новите A5 и S5 Sportback – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi официјално ги претстави новите A5 и S5 Sportback

Четири-вратната изведба на A5 се покажа како популарна, па луѓето од Инголштад утринава ја претставија новата, втора генерација на интересното купе со четири врати.

Дизајнот на А5 и S5 Sportback го следи дизајнот на A5 Coupe кој Audi неодамна го претстави – па она што го добиваме се јасни и остри линии, со агресивен преден кој го одликуваат големи отвори за воздух и дискретен заден дел на кој доминираат големите светлосни групи.

А5 Sportback е поставен на истата MLB платформа како и A4 односно A5, но меѓуоскиното растојание е зголемено од 2764 милиметри на 2824 милиметри со цел да се добие повеќе простор на задните седишта.

Во однос на погонските единици – на самиот почеток ќе бидат достапни истите мотори кои се вградуваат и во A5 Coupe. Бензинците ќе го носат истиот 2-литарски турбо-полнет TFSI кој испорачува 167, 187 или 248 коњски сили во зависност од моделот. Врв во бензинската понуда е S5 Sportback кој носи 3-литарски TFSI кој испорачува 350 коњски сили и 500 Nm вртежен момент.

Доколку сакате турбодизел, ќе можете да одберете меѓу четири различни модели. Во понудата се 2.0 TDI и 2.0 TDI Ultra кои нудат идентични 190 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, а тука е и 3-литарскиот TDI кој нуди 215 и 400 Nm, односно 280 коњски сили и земјо-поместувачки 620 Nm вртежен момент. Во зависност од погонската единица ќе може да се избере меѓу погон на предните или на сите четири тркала, а купувачите ќе можат да изберат меѓу шест-степен мануелен, 7-степен автоматски менувач со двојна спојка или класичен 8-брзински автоматски менувач.

Поврзано:  Audi го претстави новиот Q5 Sportback

Во ентериерот тука е големиот Virtual Cockpit дисплеј, ќе може да се нарача Bang & Olufsen аудио уред со 19 звучници и цела лепеза на дополнителни играчки – сепак ова е Audi. Можеби најинтересниот новитет е Stop & Go адаптивниот темпомат кој во сообраќај до 65 километри на час може самиот да го запре и придвижи автомобилот, па дури и да го превземе управувањето доколку тоа е потребно.

Цените на A5 Sportback (во Германија) ќе започнуваат од 37.800 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.