Ford ќе започне да произведува далеку полесни автомобили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford ќе започне да произведува далеку полесни автомобили

Ford ги објави плановите за соработка со Dow Automotive Systems, кои вклучуваат развој на композити од јаглеродни влакна, што ќе се користат во наредните нови автомобили.

Како дел од нивниот договор за заеднички развој, двете компании ќе се фокусираат на остварување економичен извор на автомобилски јаглеродни влакна и ќе развијат методи за производство на делови за побројни апликации.

Доколку се би одело по планот, компонентите од јаглеродни влакна би можеле да почнат да се појавуваат во Ford возилата до 2020 година. Тоа е далеку од нас, но Ford вели дека јаглеродните влакна би овозможиле намалување на тежината и до 340 килограми.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.