Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на бензините и дизелот – од вечерва ќе купуваме поскапи горива!
Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 4.37 проценти.
Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 61.50 односно 63.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото исто така се зголемува за 2.00 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 48 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.