Mercedes-Benz претстави автономен автобус за иднината – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz претстави автономен автобус за иднината

Германскиот производител претстави модерен автономен автобус кој веќе поминал пат од 20 километри низ Амстердам, без асистенција на возач.

Пред две години, Mercedes-Benz го разоткри концептот Future Truck 2025, опремен со автономниот Highway Pilot систем, кој му овозможуваше на камионот да вози самостојно до брзини до 85 км/ч. Сега, истата технологија е адаптирана за користење во градски средини и е имплементирана во Future Bus кој располага со CityPilot систем кој му овозможува на автобусот да вози самостојно до брзина до 70 км/ч.

За да ги докаже можностите на нивниот автобус без возач, Mercedes одржа демонстрација во Амстердам на секцијата од најдолгата автобуска транзит линија во Европа. Future Bus бил способен да вози сам во должина на целиот пат од 20 километри, застанувајќи на автобуски станици и семафори, сопирајќи секаде каде што имало препрека, поминувајќи низ тунели, а исто така ги отворал и затворал вратите на секоја станица. За секаква сигурност, еден човек од екипата бил во автобусот за да набљудува како тој автономно маневрира низ сообраќајот.

Weltpremiere: Mercedes-Benz Future Bus mit CityPilot – Meilenstein auf dem Weg zum autonom fahrenden Stadtbus

Сето ова било овозможено со инсталирање на радари со краток и долг опсег кои работеле заедно со неколку камери и вграден GPS систем. Дополнително, Mercedes-овиот Future Bus е доволно паметен да комуницира преку Wi-Fi со инфраструктурата и може да го чита статусот на семафорите, па може целосно да го искористи зелениот бран на координираните светла.

Што се однесува до дизајнот, денешните автобуси изгледаат многу досадно и од надвор и од внатре, но овој модел со сигурност го има тоа што би натерало повеќе луѓе да ги остават своите автомобили во својот дом и да се одлучат за јавен превоз. Future Bus е сеуште концепт за сега, но најавува светла иднина за градскиот превоз, кој Daimler ветува дека ќе биде почист и побезбеден благодарение на автоматизираното возење.

Поврзано:  Електричниот, брутален Mercedes-Benz G580 EQ стигна во Македонија!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.