Porsche 908-04 Concept – не можете да го имате, но го посакувате – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 908-04 Concept – не можете да го имате, но го посакувате

Тим од шест талентирани независни дизајнери создаде визија за тркачки автомобил по примерот на концептите Gran Turismo Vision, наречен Porsche 908-04 Concept.

Проектот Gran Turismo Vision започна кога основачот на видео играта – Казунори Јамагучи побара од автомобилските компаниии да дизајнираат своја визија за идеален GT автомобил. Голем број на автoмобилски производители го прифатија преизвикот на Јамагучи и претставија најразлични дизајни, некои повеќе, а некои помалку возбудливи. За жал, овој модел на Porsche не е еден од нив, бидејќи нема ништо заедничко со видео играта.

Наречен Porsche 908-04 Concept, неговиот дизајн е инспириран од прототипите создадени за Gran Turismo, но е дело на шест талентирани независни дизајнери. Возилото е опишано како проект за “враќање кон корените” – автомобил за вистинските автомобилски ентузијасти, фокусиран да создаде чувство за љубовта кон тркањето.

agsgr

Името оддава дека се работи за модерна интерпретација на Porsche 908 LH од 1969 година, додека дизајнерите се одлучиле да го опремат со “долга опашка” заради уникатноста која оваа форма ја донесе во деновите на трките на издржливост. Благодарение на продолжениот заден дел, 908-04 Concept е веднаш препознатлив како чедо на тркачките автомобили од доцните 1960-ти, исто како што LMP1 автомобил е веднаш препознатлив денес.

Со користење на модерни стилски одлики од Porsche, оваа преродба на иконата ги спојува минатото и сегашноста, врзувајќи го наследството на Германскиот автомобилски производител и дизајнерски идентитет во префинет тркачки пакет. Неговите дизајнери велат дека прототипот е замислен како целосно мануелен автомобил (токму она што им недостасува на ентузијастите на Porsche во овие денови) со целосно механичка душа и стариот добар механички менувач.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Кога „златната средина“ има 690 коњски сили - претставен Porsche Taycan GTS

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.