Ferrari го претстави врвниот кабриолет во форма на LaFerrari Spider! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari го претстави врвниот кабриолет во форма на LaFerrari Spider!

Ferrari ги претстави првите официјални фотографии од отворената верзија на LaFerrari – и покрај тоа што не е официјализирано името, разиграниот коњ со отворен кров ќе ги нуди истите перформанси како својот роднина со цврст покрив!

Во нашите очи, новиот LaFerrari со отворен кров (ајде да го наречеме LaFerrari Spider, колку и да е тоа име привремено) изгледа одлично. Од Ferrari кажуваат дека ќе биде произведен во екстремно-лимитирана серија, и дека сите примероци се веќе распродадени.

LaFerrari_serie_limitata_3

LaFerrari Spider ќе се нуди со отстранлив кров направен од карбон, како и мек покрив кој ќе може лесно да се тргне. Отворениот LaFerrari ќе го користи истиот хибриден погон како и „стандардниот“ модел – а тоа значи вкупно 963 коњски сили благодарение на 800-коњски врескачки V12 и 163 коњски сили достапни од електромотор. Истовремено, тоа значи и 100 километри на час за 2.8 секунди и максимална брзина од над 300 километри на час!

LaFerrari_serie_limitata_4

 

Од Ferrari кажуваат дека значително измени се направени на шасијата со цел да се задржи истата цврстина кај кабриолетот како и кај купе верзијата. Дополнително, инженерите на Ferrari посветиле значително внимание и на наерродинамиката, со цел да се задржи истиот коефициент на отпор на воздухот дури и кога кровниот панел ќе биде отстранет. Импресивно!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.