Започна производството на Volvo V90 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започна производството на Volvo V90

Пред неколку дена започна производството на луксузниот V90 во фабриката на Volvo во Торсланда, Шведска!

Само неколку недели по стартот на сериското производство на S90, првите примероци на луксузниот V90 ја напуштија производната лента. Овој чекор означува дека сите нови премиум модели на 90 серијата базирани на SPA архитектурата веќе се произведуваат во Шведска.

“Воведувајќи го новиот V90 во производство е важна пресвртница за Волво. Инвестиравме многу во подготовка на фабриката Торсланда за да може да се изработуваат SPA возила. Секако, охрабрувачки е да се види позитивен одговор на новите 90 возила.“ – рече Хакан Самуелсон, претседател и главен извршен директор.

Start of production of new Volvo V90 premium estate

Start of production of new Volvo V90 premium estate

Три нови линии на автомобили од серијата 90 се дел од програмата во која се вложени 11 милијарди долари за трансформација на компанијата од 2010 година. Воведувањето на нови модели на автомобили е чекор кон зголемената продажба и профитабилност во Волво.

Минатата година, Volvo за прв пат во 89 годишната историја, продаде над 500.000 автомобили – благодарение на одличниот XC 90. Во 2016, Волво очекува уште една рекордна година во однос на продажбата преку дистрибуцијата на новиот S90 и V90 до продажните дилери, како и означување на едногодишнината од производство на XC90. Во првите пет месеци од 2016, Волво достигна 10.4 проценти зголемување на глобалната продажба.

Start of production of new Volvo V90 premium estate

Start of production of new Volvo V90 premium estate

“Новиот XC90, S90 и V90 помогнаа во подмладување на брендот, но трансформацијата на Волво е далеку од завршена. Три години отсега, XC90 ќе биде најстариот автомобил во изложбениот салон. Со други зборови, новите 90 серии се само почеток на новото Волво” – рече Самуелсон

Минатиот месец, компанијата Волво официјално ја започна својата глобална стратегија за мал автомобил со претставувањето и на две концепт возила врз основа на својата нова компактна модуларна архитектура (CMA). Првиот нов автомобил на CMA се очекува да биде лансиран во 2017 година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.