Сакате повеќе од вашиот X5 M? Тука е G-Power со пакет од 750 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Сакате повеќе од вашиот X5 M? Тука е G-Power со пакет од 750 коњски сили!

Ако 575-те коњски сили кои BMW X5 M ги нуди не ви се доволни, момците од G-Power имаат подготвено пакет кој ќе ја зголеми таа бројка на „само“ 750 коњски сили!

Големиот X5 M е веќе доволно моќен – благодарение на 4.4-литарскио битурво V8 има на располагање 575 коњски сили. Сепак, има луѓе кои сметаат дека тоа не е доволно – па инженерите од G-Power „поработеле на случајот.“ Резултат на нивната работа се 750 коњски сили и тектонски 980 Nm вртежен момент – тоа се цели 175 коњски сили и 230 Nm повеќе од стандардниот X5 M.

Доколку момците од G-Power го дерестриктираат големиот баварски SUV, неговата максимална брзина ќе изнесува повеќе од 300 километри на час – импресивно за мамут кој тежи 2350 килограми! Сето тоа е благодарение на новите и поголеми турбо-полначи, доработениот софтвер и уникатно-развиен титаниумски издувен систем кој е 23 килограми полесен од стандарниот. Според G-Power, на нивниот X5 M му се потребни само 11.5 секунди да помине четвртина милја.

Импресивно? Секако!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.