Секој автомобилски ентузијаст сонува за прекрасен планински пат со живописна околина, направен од квалитетен мазен асфалт, составен од благи свиоци и без многу сообраќај – Ford ни подготви серијал со најдобрите вакви патишта во Европа, а вечерва ќе ја гледаме првата епизода!
Во оваа епизода ќе го видиме одличниот Ford Mustang GT 5.0 на легендарниот Transfăgărășan кој проаѓа низ Романија. Ќе дознаеме малку за неговата историја, и ќе видиме (и слушенеме!) како изгледаат 5 литри, 8 цилиндри и повеќе од 400 коњски сили на овој спектакуларен автопат!
Следнава седмица, секоја вечер ќе објавуваме по едно видео од одличниот серијал на Ford – немојте да ги пропуштите!