370 КС, погон на сите 4 тркала и нагласен спортски дизајн – што повеќе да посакаме од Insignia OPC?
Мора да признаеме дека MR Car Design дефинитивно успеале во својата замисла да ја усовршат и веќе одличната Insignia OPC. Првото кое го забележуваме е колку е таа спуштена до земја, што е навистина примамливо за око. Секако, новите 20-инчни фелни го дополнуваат изгледот.
Да погледнеме таму каде што е најинтересно – под хаубата. Opel insignia OPC доби софтверско засилување на моторот, нов спортски издувен систем како и K&N филтер за воздух. Со овие модификации, 2,8 литарскиот турбо V6 мотор сега нуди 370 КС и 495 Nm вртежен момент!