Пред само неколку минути, Porsche ја престави новата верзија на Cayenne со ознаката GTS, а таа може да се пофали со V8 мотор и 420 коњски сили!
Cayenne GTS ќе се испорачува со голем V8 мотор со зафатнина од 4.8 литри и 420 коњски сили, а силата се пренесува на сите четири тркала преку Tiptronic-S автоматскиот менувач со осум (да, осум!) брзини.
Но модификациите не завршуваат таму. Cayenne GTS се наоѓа цели 24 милиметри поблиску до подлогата, а ќе биде опремен со Porsche Active Suspension Management системот, кој има посебни нагодувања за пониската и потврда суспензија.
Според официјалните Porsche, Cayenne GTS забрзува до 100 километри на час за 5.7 секунди, а максималната брзина е 261 километар на час. Просечната потрошувачка изнесува 10.7 литри на 100 изминати километри.
Cayenne GTS ќе почне да се продава од Јули годинава, а цената во Германија ќе биде 90.774 евра.