Германската тјунинг компанија “Techart” се потруди да го подобри изгледот на веќе одличната Carrera со својот стајлинг пакет!
Оваа верзија на Carrera и Carrera S дефинитивно се разликува од “обичната”. Спојлерот кој е поделен на два дела, големите бандажи и измените на предниот дел дефинитивно внесуваат повеќе свежина во изгледот на овој автомобил. Измените продолжуваат и внатре со комбинацијата на кожа во две бои, која одговара на надворешноста.Како што велат од “Techart” целта на овој стајлинг пакет е едноставна, автомобилот да изгледа елегантно со нагласен чист спортски дизајн.
Да погледнеме дали германците успеале во тоа.