Lexus го подмлади седанот IS со скромно освежување – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus го подмлади седанот IS со скромно освежување

Со цел да го направи помодерен и посериозен конкурент на BMW Серија 3 и Mercedes C-Class, Lexus ја освежи актуелната генерација на моделот IS на средината од нејзиниот животен век.

Најзначајната промена однадвор го опфаќа предниот дел кој добива непрекината целосна решетка во стандардно и F-Sport издание, заедно со нов браник кој вдомува огромни отвори за воздух и редизајнирани предни светлосни групи. Тука се и неизменетите LED дневни светла во форма на буквата L.

На задниот дел светлата се одликуваат со поистакната L графика на LED дневните светла и додадени се правоаголни хромирани завршетоци на издувните цевки. Од сега па натаму, IS ќе им се нуди на купувачите со избор од нови дизајни на алуминиумски фелни и две нови бои наречени Deep Blue Mica и Graphite Black Glass Flak.

Во кабината, екранот од мултимедијалниот дисплеј пораснал од 7 на 10.3-инчи, а тука се и нови бои за тапацирите и благо изменета централна конзоласо “Enter” копче додадено од страната на Remote Touch Interface системот.

Гамата на погонски единици на IS останува неизменета, така што автомобилот повторно ќе се нуди со 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-бензинец со 241 кс, 3.5-литарски V6 агрегат во две верзии со 255 кс и 306 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.