Утринска Гимнастика: Volvo FH16 против 750 тони! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Volvo FH16 против 750 тони!

Колку многу товар може еден камион од сериско производство да повлече? Одговорот на Volvo навистина ќе ве остави задоволни.

Моделот Volvo FH16 опремен со новата I-Shift трансмисија со двојна спојка се соочи со еден од најтешките предизвици од историјата на Volvo камионите. Со најсилниот човек во светот позади воланот, Магнус Самуелсон, и камионскиот новинар Брајан Ветерли во кабината, Volvo FH16 се обидува да повлече 20 приколки со по два контејнери, кои вкупно тежат дури 750 тони. На крајот, и покрај промената на временските услови кон полошо, камионот успева да го помести целиот товар во должина од 100 метри.

Погледнете како изгледа тоа и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.