Mercedes-AMG GLC 43 – Уште еден V6 Turbo во AMG гамата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG GLC 43 – Уште еден V6 Turbo во AMG гамата

Mercedes-AMG ги објави деталите од нивниот најнов модел GLC 43, кој ќе дебитира на автмобилскиот саем во Њу Јорк и ќе им се спротивстави на Audi SQ5 и Porsche Macan Turbo.

Исто како останатите 43 AMG модели, GLC 43 е погонуван од 3-литарски V6 турбо-бензински агрегат кој произведува 362 кс и 520 Nm, кои ги испорачува кон сите тркала преку 9G девет-степената автоматска трансмисија. Ова е доволно за автомобилот да може да постигне забрзување од 0-100 км/ч за 4.9 секунди и електронски ограничена максимална брзина од 250 км/ч.

Тука е воздушната суспензија која е поспортски прилагодена за да им одговара на перформансите и нуди три режими на работа: Comfort, Sport и Sport Plus. Предната и задната оска се укрутени, а напред е додаден дополнителен негативен нагиб со цел да се добие подобар контакт со подлогата во свиоци. Системот AMG Dynamic Select дозволува дополнително прилагодување на трансмисијата, одзивот на моторот, суспензијата и управувањето.

Mercedes-GLC-43-AMG-1

Измените на екстериерот се минимални. Тука спаѓаат поизразен преден сплитер, поголеми отвори за вентилација на предниот браник, нова решетка на ладилникот и четири хромирани издувни цевки. Моделот вози на 19-инчи AMG алуминиумски фелни обвиени во 235/55 напред и 255/50 пневматици назад, зад кои се кријат 360 милиметарски дискови напред и 320 милиметарски дискови назад.

Ентериерот добива нови предни спортски седишта во вештачка кожа и микрофибер, инструменти со шаховска текстура, спортски волан и црвени контрастни шевови.

43 АМГ ќе биде врвната верзија од овој модел, бидејќи Германскиот бренд објави дека GLC нема да добие V8 изведба.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.