Компанијата Еуроимпекс ја шири својата понуда – и од денес официјално е генерален увозник за маслата од програмата на Valvoline!
Еуроимпекс е првата компанија во Македонија чие работење е насочено кон трговија со автомобили. Во своето 26 годишно работно искуство, бележи раст развој и успешно стопанисување не само во областа на автомобилите туку и со другите брендови кои ги застапува.
„Во нашиот досегашен 26 годишен развој, Еуроимпекс постојано во својот фокус го има клиентот. Застапуваме исклучиво висококвалитетни брендови развиени од општествено одговорни компании. Будно ја следиме нашата мисија и преку високо-квалитетна понуда и услуга, целиме да преку одговорен пристап придонесеме кон ефикасно и ефективно остварување на целите на потенцијалните клиенти.
Интерно, Еуроимпекс е структурирана на сектори, кои одделно се развиваат како посебни единици. Денес, компанијата свечено добива уште еден член во семејството и ја збогатуваме понудата во секторот за масла и акумулатори. Чест ми е официјализирам дека од денес Еуроимпекс го започнува пласманот на брендот Valvoline на пазарот во Македонија.“ – изјави г-динот Даниел Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.
„Валволин е по потекло американски бренд и оваа година обележува 150 години постоење. Брендот е основан 1866 година и денес е присутен во 160 земји во светот. Пласманот на брендот за Европскиот пазар се одвива преку Ротердам од каде доаѓа директно на македонскиот пазар. Во Македонија бевме присутни повеќе години и продолжуваме со својот развој. Ја избравме компанијата Еуроимпекс да биде наш партнер. Избравме искусна и стабилна компанја со која имаме ист пристап и визија за понатамошниот развој на брендот. Јас верувам дека во иднина ќе имаме многубројни задоволни и лојални клиенти и дека ќе бележиме позитивни резултати.“ – изјави г-динот Бошко Шуковиќ, Регионалниот директот на Валволин.
„Секторот масла во Еуроимпекс, оваа година бележи свое 20-сет годишно постоење. Нашето досегашно искуство и постигнати резултати ја прави нашата компанија препознатлива како број еден во продажба на маслата ТОТАЛ во Македонија и тој тренд со задоволство ќе го имплементираме паралелно понатаму со брендот Валволин. Во Македонија работиме со над 220 комитенти, но фокусот на нашето работење постојано е крајниот потрошувач кој е основ на нашиот досегашен успех. Од денес, на наше големо задоволство ќе имаме проширена понуда на високо-квалитетните моторни масла Valvoline, преку која ќе бидат задоволени барањата на купувачите на целата територија на Македонија.“ – изјави г-динот Зоран Мирковски, Директор на секторот масла во Еуроимпекс.
Еуроимпекс дистрибуцијата на масла ја врши пo сите сегменти, располага со широко пространа дистрибутивна мрежа во рамките на целата Македонија и со тоа брендот Valvoline ќе биде лесно достапен до крајниот потрошувач. Секторот масла во Еуроимпекс, располага со високостручен и искусен кадар кој е подготвен правилно да одговори на сите барања на клиентите. Целта на компанијата е правилно позиционирање на Валволин и негово повторно враќање на старите водечки позиции.
Извор: PR Еуроимпекс