Германскиот тјунер MTM е познат по навиката да ги трансформира моделите на Audi RS3 во вистински ракети, но RS3 R достигна ново ниво!
Пет-цилиндарскиот 2.5-литарски TFSI агрегат сега произведува 502 коњски сили при 6600 вртежи и 650 Nm вртежен момент во опсегот помеѓу 2250 и 5750 вртежи во минута, сето ова благодарение на нов турбополнач и поголем интеркулер, правејќи го овој компактен модел вистинско чудовиште.
Во комбинација со S-Tronic трансмисија со седум степени, MTM RS3 R се катапултира од нула до 100 км/ч за само 3.6 секунди и од 0-200 км/ч за 13.6 секунди. Максималната брзина зависи од хомологацијата на пневматиците, но MTM вели дека многу лесно ќе ја достигне бројката од 300 км/ч.
За подобра контрола на патот тука се сопирачки дискови со дијаметар од 380mm позади 19-инчните Nardo Edition алуминиумски фелни, кои се обвиени во Michelin Pilot Super Sports пневматици. Останатите одлики на екстериерот содржат функционален преден спојлер и заден дифузер направени од јаглеродни влакна, кои ќе ја подобрат потисната сила при повисоки брзини.
Кабината е дотерана со специјален кожен тапацир со шевови во форма на саќе на панелите од вратите, седиштата, потпирачите за раце и на централната конзола.
MTM RS3 R ќе дебитираше на автомобилскиот саем во Женева, со очекувана цена од 94,400 евра.