Професионалниот дрифтер Сергеј Кабаргин изведе спектакуларен маркетингшки дрифт перформанс низ преполните улици на градот Ст. Петерсбург, прв од овој тип во Русија.
Иако до сега сигурно сте виделе некое од многуте аматерски видеа со разни автомобилски случувања направени од онборд камерите низ Русија, ова е прво професионално видео во кое властите соработувале за затворање на градските улици за ваков настан. Случувањето е проследено од огромна публика распространета низ околните тротоари, а возилата на улиците се точно таму наместени за се да изгледа уште поатрактивно.
Кабаргин успева да постигне неверојатни агли на пролизгување позади воланот на неговата темелно модифицирана Toyota Supra од четвртата генерација и на одличен начин го промовира дрифтот. Погледнете го видеото и уживајте!