Opel најавува дека ќе ги измени правилата – ова е електричната Ampera-e! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel најавува дека ќе ги измени правилата – ова е електричната Ampera-e!

Со новата Ampera-e, Opel се надева дека ќе ги сруши бариерите кон електричната мобилност – благодарение на 5-те врати, големата автономија и пристапната цена!

Она што денес го гледаме не е концепт – ова што го гледаме е сериската Ampera-e која ќе започне да се продава следната година. Според она што го најавуваат луѓето од Opel, Ampera-e ќе има поголема автономија од повеќето електрични возила, но истовремено ќе има и пристапна цена.

Opel ќе го искористи знаењето добиено со оригиналната Ampera која постави нови стандардни во класата. Според претседателката на GM Mary Bara „GM и Opel секогаш биле убедени дека електричните возила ќе имаат дефинирачка улога во иднината на автомобилите. Новата технологија кај Ampera-e е значителен чекор кон реализирање на таа визија.“

Opel Ampera-e

Opel Ampera-e

Уникатните компактни пропорции на Ampera-e доаѓаат од батериите кои се монтирани под подот на автомобилот. Ефикасното пакување истовремено овозможува и комфорен и простран ентериер кој нуди доволно простор за петмина патници и багажен простор кој може да се споредува со автомобил од компактната класа. Opel ветува дека ќе понуди и многу можности за поврзување – Opel OnStar, технологии за забава и информирање и целосна интеграција на паметни телефони и други уреди со автомобилот.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.