Ferrari ја претстави замената на FF во форма на новиот GTC4Lusso – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari ја претстави замената на FF во форма на новиот GTC4Lusso

Името е можеби малку чудно, но рецептот е одличен – прекрасно Shooting Brake тело кое крие 6.3-литарски V12 кој испорачува 680 коњски сили!

Секогаш бевме фанови на Ferrari FF – иако погонот на сите четири тркала беше малку неортодоксен за италијанскиот бренд, сепак ни се допаѓа филозофијата за Ferrari кој може да се користи секој ден, во скоро сите услови.

Она што е денес пред нас е „фејслифтот“ на FF – каде промените се доволно големи за да може да си оправда и ново име. Новиот автомобил се вика GTC4Lusso, а доаѓа со значително изменета каросерија каде ќе забележите понизок кров, целосно редизајниран преден дел и целосно редизајниран заден дел. Овие измени му овозможуваат на GTC4Lusso да има значително подобар коефициент на отпор на воздухот во однос на FF.

Секако, изменет е и моторот – па сега 6.3-литарскиот атмосферски V12 нуди 680 коњски сили на стратосферски 8000 вртежи во минута – но и 700 Nm вртежен момент при 5750 вртежи во минута. Дури 80% од вртежниот момент се достапни од само 1750 вртежи во минута.

Името на новиот модел им оддава почит на старите модели на брендот – меѓу кои се вбројуваат 330 GTC, 330 GT, но и Berlinetta Lusso. Ferrari го доработе и иновативниот систем за погон на сите четири тркала и додаде управување и на задните тркала. Новиот 4RM-S систем имплементира и електронски диференцијал, како и адаптивна суспензија. Сите системи се интегрирани преку софтверот на Ferrari кој му овозможува на возачот безбедно да ја искористи моќноста на GTC4Lusso, дури и во услови на намалена тракција.

Поврзано:  Премиера: Ова е Ferrari F80!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.