MINI продолжува да ја шири својата гама – и го претстави Clubman ALL4 кој има погон на сите четири тркала!
Ова е првото Mini кое не е SUV да има погон на сите четири тркала. Електронски контролираниот систем го деактивира преносот кон задните тркала во услови на нормално возење – со цел да се намали потрошувачката и да се намалат паразитските загуби. Кога е потребно, системот автоматски (во дел од секунда) започнува да пренесува сила и кон задните тркала, а системот е поврзан со системот за контрола на стабилноста и може да прикочи или да додаде моќност кон било кое тркало.
ALL4 ќе ја има својата премиера на саемот на автомобили во Њу Јорк во Април, а на тамошниот паазр ќе се нуди со 1.5-литарски турбо-бензинец со 134 коњски сили за Cooper, односно 2-литарски турбо-бензинец со 190 коњски сили за Cooper S. Во Европа ќе се нуди и 2-литарски турбодизел со 190 коњски сили, поврзан исклучиво со 8-степен Steptronic автоматски менувач.
На основниот Cooper му требаат 9.2 секунди за да достигне 100 километри на час, додека на Cooper S му требаат 6.7 секунди доколку е опремен со мануелен, односно 6.6 секунди со автоматски менувач.