Volkswagen најави нови, 1.5-литарски TSI и TDI мотори – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen најави нови, 1.5-литарски TSI и TDI мотори

Германскиот производител најави дека во моментов работи на развивање на новата генерација на бензински TSI и дизелски TDI мотори кои на пазарот ќе се појават следната година.

За време на саемот на автомобили во Детроит, еден од челниците на Volkswagen – Herbert Diess – ги објави плановите на компанијата да претстави нови 1.5-литарски турбо-бензински TSI и турбодизел TDI мотори. Новите мотори ќе го имаат своето деби во фејслифтот на Golf VII кој според некои информации би требало да биде претставен на крајот на оваа година. Сепак, иако освежениот Golf ќе се појави на пазарот на крајот на оваа година, новите мотори ќе се понудат во 2017.

Новиот, 1.5-литарски TSI ќе биде директна замена за сегашниот, 1.4-литарски TSI и ќе нуди систем за деактивација на цилиндри, директно вбризгување, но и нов турбополнач. Новиот, 1.5-литарски TDI ќе биде замена за сегашниот 1.6-литарски мотори, но нема никакви информации за него. Според Volkswagen, производството на новите мотори ќе биде поскапо, но тие ќе бидат полесни и поекономични.

Како и досега, Volkswagen планира да ги продава обата мотори во неколку различни конфигурации (со различна моќност) во цела гама на своите автомобили – и тие ќе се нудат во Volkswagen, Seat, Audi и Skoda. Во моментов, 1.4-литарскиот TSI на Volkswagen нуди меѓу 125 и 150 коњски сили, а 1.6-литарскиот TDI меѓу 90 и 110 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.