Институцијата која се занимава анализирање и тестирање на автомобилите од безбедносен аспект го прогласи големиот луксузен SUV на Volvo за најбезбеден автомобил во 2015!
Големиот XC90 ги однесе признанијата за најбезбеден автомобил во две категории – во категоријата за големи теренци, но и севкупната категорија. Конкуренцијата е силна и моќна, па ова е одлично признание за шведскиот производител – но сепак, мораме да признаеме дека не сме изненадени – автомобилите на Volvo секогаш припаѓале меѓу најбезбедните.
Volvo XC90 освои максимални 100% во Safety Assist категоријата, и импресивни 97% за заштита на возрасни патници. Своја изјава даде Jan Ivarsson, моменталниот директор на Volvo Safety Центарот – „Секогаш сме среќни кога нашата работа ќе биде препознаена. XC90 е олицетворение на сè што е Volvo, а ова е уште еден доказ дека ние сме на водечката позиција кога станува збор за активната, но и за пасивната безбеност. Нашата визија е дека до 2020-та година никој не би смеел да загине или да биде сериозно повреден во нов Volvo автомобил.“