Францускиот тим освои убедлива и спектакуларна победа во категоријата на автомобили на овогодинешното Дакар рели – Peterhansel имаше водство од преку 30 минути во финалниот пласман!
Ова е 12-та победа за Stephane Peterhansel, но прва победа на Peugeot од далечната 1990-та година. Peterhansel имаше огромно водство пред тимските колеги Loeb и Sainz откако тие имаа проблеми во втората недела од релито, па Stephane можеше мирно и самоуверено да извози до самиот крај и до победата.
Peterhansel имаше убедливо водство од 34 минути и 58 секунди пред второпласираниот – минатогодишниот победник Nasser Al-Attiyah кој возеше X-Raid Mini. На трето место беше Ginniel de Viliers кој возеше Toyota.
Сепак, меѓу најинтересните оваа сезона беше токму Loeb, кој за своето прво појавување на Dakar постигна навистина одлични резултати. Тој беше во водство скоро целата прва седмица од релито, но по незгода и други проблеми кога релито се префрли во пустина, тој заврши на 9-тото место. Без разлика на тоа, ова е одличен резултат за Loeb и Peugeot и нивниот 2008 DKR. На крајот, ве оставаме со неколку Best Of видеа од овогодинешниот Dakar, каде главната улога ја имаат токму возачите и возилата на Peugeot!