Како најдобро да го искусите Lamborghini Aventador SV? – Да го извозите на отворени патишта со неограничена дозволена брзина. Токму тоа го направија колегите од Англискиот автомобилски магазин EVO.
Поточно, Henry Catchpole ги ослободи сите 750 кс и 690 Nm кои ги произведува 6.5-литарскиот атмосферски V12 агрегат на меѓуградските магистрални патишта на познатиот Isle of Man. Резултатот? Фантастично и кратко видео кое со сигурност ќе им се допадне на сите автомобилски ентузијасти!
За потсетување, Aventador SV забрзува од 0-100 км/ч за под 3 секунди, а неговата максимална брзина изнесува 350 км/ч, a неодамна постави време од 6 минути и 59 секунди на најпознатата кружна тркачка патека во Германија – Nurburgring.
Погледнете го видеото и уживајте!