Renault-Nissan ќе лансира 10 автомобили со автономни технологии во следните 4 години! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault-Nissan ќе лансира 10 автомобили со автономни технологии во следните 4 години!

Renault-Nissan го објави својот план, според кој ќе лансираат повеќе од 10 нормални возила кои ќе имаат некаква автономна технологија во следните четири години!

Според Renault-Nissan, возачките грешки се причина за преку 90% од смртните случаи на патиштата, па со ова тие сакаат да ја зголемат безбедноста кај своите возила. Секако, овие технологии ќе ја зголемат компетитивноста на моделите (а со тоа и на брендовите), па исплатливоста е повеќестрана.

Планот вклучува и дополнително развивање на автомобили кои немаат емисија на штетни гасови – колку за потсетување, Renault-Nissan од 2010-тата наваму има продадено 300.000 електрични возила, и планира таа продажба значително да ја зголеми. Според Carlos Gnosn, претседателот на алијансата „Renault-Nissan е длабоко посветен на двојната цел од нулта емисија на штетни гасови и нула загинати. Затоа развиваме автономни технологии кои се достапни за масовно производство кај мејнстрим возила на три различни континенти.“

Според планот, оваа година ќе биде лансиран модел со Single-Lane контрола – односно можност за автономно возење на автопат. Оваа технологија ќе биде проширена со Multi-Lane Control во 2018, која ќе им дозволи на автомобилите автоматски да ја менуваат лентата на движење. Конечно, некаде во 2020 ќе биде лансиран систем кој ќе може да се соочи со градскиот сообраќај. Автомобилите ќе се нудат во САД, Европа, Кина и Јапонија, заедно со технологија за поврзување која ќе им го олесни меѓусебното комуницирање.

Секако, сето ова не е ново за алијансата – тие веќе го прикажаа IDS концептот со кој на голема врата ја најавија автономната иднина на брендовите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.