Синиот овал најавува интересна иновација: новиот Ford GT ќе има ветробранско стакло од Gorilla Glass – ултра-цврстиот материјал кој се користи за екрани на мобилните телефони!
Gorilla Glass е материјал кој го произведува компанијата Corning и е многу добро познат бидејќи се користи во многу паметни телефони и таблети. Gorilla Glass стаклото не само што е полесно од традиционалното стакло, туку е и поиздржливо и поотпорно на гребење. Со користење на Gorilla Glass, ветробранското стакло на новиот Ford GT ќе биде 30% полесно од традиционалното. Покрај ветробранското стакло, Gorilla Glass ќе се користи и за поклопецот на моторот на суперавтомобилот со 700 коњски сили.
Според Ford, Gorilla Glass е „одличен пример за тоа како Ford соработува со добавувачите за да има иновации во секој дел од нашиот бизнис. Ford GT поставува нови стандарди за иновации низ перформансите но и олеснувањето, и сме подготвени да бараме дополнителни апликации за оваа одлична нова технологија.“
Дополнително, познавачите најавуваат дека по Ford GT, ветробранските (и други) стакла од Gorilla Glass ќе се најдат и кај други модели на синиот Синиот Овал.